Насловна / Вести / Швеѓаните тешко се откажуваат од нуклеарната енергија

Швеѓаните тешко се откажуваат од нуклеарната енергија

Нискојаглеродната Шведска има проблеми во енергетската транзиција. Шведска се соочува со големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија, шри што политиката не може да се одлучи дали нуклеарната енергија е дел од проблемот или дел од решението. Оваа модерна и економски развиена земја покрива до 40% од потребите од нуклеарни извори, и исто толкав процент од хидроелектрани, додека 10% потекнува од ветерните електрани.

Најновите податоци покажуваат дека Шведска емитува најмалку јаглерод диоксид по kWh произведена електрична енергија од сите членки на ЕУ – само 13 g/kWh  во однос на 189 g/KWh  во Данска или 406 grkWh  во Германија, и помалку дури и од Франција која исто така сериозно зависи од нуклеарките. Големите индустриски потрошувачи како што се SAAB, и производителот на железна руда LKAB, се повлекуваат од електричната енергија произведена од фосилни горива, со што се создава голема побарувачка за зелена енергија.  LKAB проценува дека само нивното производство бара 55 Twh електрична енергија на годишно ниво, што е една третина од вкупното шведско производство на електрична енергија за 2019 година. Но, од каде да се обезбеди толку енергија?

sweden1

Според актуелната шведска енергетска стратегија, за обновливи извори на енергија се сметаат само ветерот, Сонцето и водата, но малцинската влада која ја сочинуваат социјалдемократите и зелените сметаат дека „чисто“ значи и „обновливо“. Најголемата опозициска партија смета дека и нуклеарната енергија треба да биде дел од енергетскиот микс како „чиста“ енергија.

Со сличен предизвик се соочуваат и другите индустриски сили во Европа, кои настојуваат да ги достигнат целите кои ги зацрта Парискиот договор за климата. Интересно е дека јавното мислење во Шведска полека се поместува во корист на нуклеарната енергија, а тоа го покажува истражувањето на гетеборшкиот институт SOM. Во најновото истражување, 21% од граѓаните сметаат дека е потребно повеќе да се инвестира во нуклеарни капацитети, додека во 2015 година истото мислење го имале 15% од испитаниците. Од друга страна, процентот на оние кои биле за целосно затворање на нуклеарките паднал од 19% на 15%.
„Сметам дека климатската закана е посериозна од заканата која ја предизвикува нуклеарната енергија“ вели  Johan Rockström, швеѓанец кој е професор на Универзитетот во Потсдам во Германија.
sweden2
Шведската нуклеарна расправа повторно се активираше на самиот крај на 2020 кога државната електроенергетска компанија
 Vattenfall трајно го затвори целосно нефункционалниот реактор во нуклеарната централа Ringhals. Станува збор за втор реактор кој е затворен на таа локација во последните 12 месеци, со што во работа остануваат два од шест реактори, колку што има во земјата. Но, расправата и натаму продолжува и во рамките на владината коалиција – социјалдемократите сакаат да се воздржат од декомисија, додека за зелените секое ново затворање на реактор е голема победа.

Испрати коментар

Scroll To Top