Насловна / Вести / Швеѓаните се срамат да одат на годишен одмор со авион затоа што и штетат на планетата

Швеѓаните се срамат да одат на годишен одмор со авион затоа што и штетат на планетата

Емисиите на штетни гасови кои ги произведува воздушниот сообраќај, кој честопати е единствениот достапен и рационален начин да се оди до одредена дестинација, во голема мерка придонесуваат за климатските промени. Затоа повеќето луѓе сè повеќе се прашуваат дали таквото патување е соодветно во време кога светот е во оган.

Flight Shaming? Text written in torn paper

Швеѓаните имаат чувството на срам кога одат на годишен одмор со авион, и знаат дека и прават штети на планетата. Flygskam е шведскиот срам од летањето.

Нов феномен го менува начинот на кој се зборува за патувањето. Наместо да разговараат за најевтините и најбрзите начини за да стигнат до саканата дестинација, луѓето се фокусираат да стигнат до таму на најоддржлив можен начин.

Експерт за психологија на потрошувачите Мартин Ломан рече дека срамежливоста од летање дефинитивно расте. Според последните анализи на туристичката индустрија, скоро три четвртини од луѓето што патуваат со авион не се чувствуваат добро како резултат на климатските промени и емисијата на јаглерод диоксид, пренесува Н1.

svedska1

“Се чини дека се соочуваме со промени во вредностите. Срамот од летење е израз на внатрешен конфликт, а не решение. Од една страна, луѓето сакаат да патуваат, а од друга страна, тие не сакаат да имаат негативно влијание врз климата“, вели Ломан.

Справувањето со глобалното затоплување бара огромен напор, вклучително драстично намалување на емисијата на јаглерод диоксид по глава на жител. Со други зборови, треба да се откажете и од летање за да одите на одмор.

И покрај ширењето на срамежливост од летање, нема голем пад на бројот на корисници на летање и тоа не се очекува на краток рок.

Airplane

„Луѓето се свесни за животната средина, но ретко кој може да одбие да патува со авион“, вели Михале Копач од германскиот институт за клима, животна средина и енергија.

Многу луѓе живеат во големите градови, особено самохрани луѓе кои немаат автомобил, но парите ги инвестираат во патување.

„Тоа е основен дел од нивниот животен стил и не мислам дека многу од нив би се откажале од патувањето“, вели Томас Мор, стручњак за крстарења.

Испрати коментар

Scroll To Top