Насловна / Вести / Шведските поштари се обучуваат со технологија на виртуелна реалност

Шведските поштари се обучуваат со технологија на виртуелна реалност

Во Шведска ја користат технологијата на виртуелна реалност (VR) за обука на поштарите. Со оваа технологија, во поштенската компанија Post Nord, можат да ги симулираат сите активности – од сортирање на пакетите до проверка и управување со возилата. Освен тоа, на овој начин се увежбуваат лидерските вештини и комуникацијата.

vr2

За обука на работниците досега главно се користел интернет. Но, тврдат дека обуката со VR е многу побрза и поефикасна. Тоа е круцијално во услови на пандемија. Во текот на пандемијата, работниците нa PostNord отсуствувале од работа поради здравствени проблеми и заради примена на мерките на физичка дистанца. Тогаш VR била повеќе од потребна. Се истакнува дека има повеќекратна корист од овој вид на обука – не е потребно да се чекаат колегите за да стекнат одредени вештини, една активност може да се повторува колку што е потребно, се подобруваат памтењето и спососбноста за решавање проблеми и сл. Софтверот за обуката е развиен од страна на шведската компанија Warpin.

vr3

Испрати коментар

Scroll To Top