Насловна / Вести / Шведскиот град Остерсунд најеколошкиот град во Европа

Шведскиот град Остерсунд најеколошкиот град во Европа

ostersund2

За најуспешен град во Европската недела на движење 2014, на синоќешната свеченост во Брисел, каде присуствувале претставници на Министерството за животна средина и Град Скопје, бил прогласен шведскиот град Остерсунд.

Ostersund
– Градот Скопје со активностите што ги спроведе во насока на намалување на загадувањето предизвикано од прекумерна употреба на автомобили, со пронаоѓање и реализирање на нови транспортни и инфраструктурни сообраќајни решенија, со создавање услови за помасовно користење на јавниот превоз и велосипеди, пуштање во употреба на електромобили и електровелосипеди за туристичка намена и други активности, од европското семејство на градови беше препознат како еден од 10-те најуспешни од вкупно 377, кои конкурирале за наградата, – информира МЖСПП.

Посебно внимание, како што е наведено, предизвикала андроидната апликација Skopje Green Route со која на жителите и минувачите во главниот град им се дава можност да направат избор на најдобар, најевтин и најеколошки вид транспорт во градот, а која беше презентирана во рамките на работилницата на која се претставуваа градовите и државите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top