Во Шведска е отворен првиот пат на светот кој ги полни батериите на електричните автомобили и камиони додека се движат. Свеченото пуштање во сообраќај на т.н eRoadArlandа е направено на 11-ти април 2018, а властите веќе имаат подготвено мапа за идното проширување на електрифицираната сообраќајна мрежа. Електричниот погон на улиците е со цел постигнување целосна независност од фосилните горива до 2030 година. Швеѓаните настојуваат емисиите на штетни гасови од сообраќајот да ги редуцираат за 70%, при што електрифицираните сообраќајници се само едно од низата решенија кои се предвидени во оваа насока.
Сообраќајницата е опремена со необична пруга која ја пренесува енергијата кон батеријата во возилото. Предноста на ваквото „динамичко“ полнење наспроти статичното, е во тоа што овоможува во иднина батериите на електричните возила да бидат помали, а со самото тоа и трошоците ќе бидат пониски.
Трошокот за електрификацијата е еден милион евра по километар, што е 50% поефтино од изградба на урбана трамвајска линија.