Шведскиот производител на челик Ovako започна да користи водород како замена за течниот природен гас (ТПГ) кој досега е користен како гориво. Резултатите се позитивни, и не покажуваат никаков негативен ефект врз квалитетот на произведениот челик. „Ова е голем чекор за развојот на челичната индустрија“ вели Göran Nyström, извршен потпретседател на компанијата. „ Ова е прв пат како водородот се користи во производството на челик. Водордот може да се користи едноставно и флексибилно, и ќе придонесе за значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид“, додава Nyström
Водородот е чист гас, и при согорувањето не емитува емисии на стакленички гасови. Во производството на челик, префрлањето од природен гас или ТПГ кон водород вреди да се воведува само доколку водородот е произведен од обновливи извори. Доколку за производството на водород се користи јаглен или ТПГ, тогаш штетата е поголема од ползата. Со оглед дека „чистото“ производство на водород е скапо, за да се направи премин кон користење на ова гориво во металургијата, мора да се предвиди одредено субвенционирање, велат од компанијата Ovako.