Насловна / Вести / Шведска е првата европска држава која нема да користи фосилни горива

Шведска е првата европска држава која нема да користи фосилни горива

Svedska bez fosilni goriva1

Шведските власти изјавија дека во наредниот период ќе се обидат државата да обезбедува енергија исклучиво од обновливи извори, додека фосилните горива би биле исклучени во целост. Имено, Шведска во наредниот период планира да вложи најмалку 360 милиони евра за развој на обновлви извори на енергија, како и да го зголеми буџетот за развој на соларната енергија за најмалку осум пати.  Планирано е Стокхолм до 2050 година целосно да се ослободи од фосилните горива, а остатокот од државата што е можно побрзо по овој рок. Инспирација за ваков потфат шведските власти најдоа во Костарика, која неодамна се пофали со 75-дневно непрекинато напојување исклучиво од обновливи извори.  Исто така, Шведска планира да ги затвори своите нуклеарни електрани. Во моментот државата обезбедува 30% од потребната енергија од обновливи извори, па ќе биде интересно да се види како затворањето на нуклеарните електрани ќе влијае на енергетската сигурност.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top