Насловна / Вести / Шведска планира зголемување на данокот на имот за ветерните електрани

Шведска планира зголемување на данокот на имот за ветерните електрани

Шведската влада неодамна предложиила значително зголемување на данокот на имот за ветерните електрани, од моменталните 0,2% на 0,5% од нивната проценета вредност. Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија за ускладување на даночните стапки помеѓу различните извори на енергија со цел создавање на пправеден даночен систем во енергетскиот сектор. Овој закон би требало да стапи на сила од 1-ви јануари 2026 година, а ќе се воведе и нов фактор кој ги зема во предвид регионалните разлики во цената на електричната енергија помеѓу различните електроенергетски области.

Со измените се очекува да се создаде рамноправен даночен третман за сите облици на производство на енергија, вклучувајќи ги фосилните горива, нуклеарната енергија и обновливите извори како што се ветерните електрани. Шведската влада верува дека зголемувањето на данокот ќе придонесе за стабилност и транспарентност во енергетскиот сектор, како и за дополнителни приходи во државниот буџет. Но, ова зголемување доаѓа во момент кога многу земји се борат со растечки цени на енергијата и забрзан премин кон чисти извори.

Ревизорската куќа EY проценува дека новите даночни мерки ќе ги зголемат оперативните трошоци за сопствениците на ветерни електрани, што би можело да влијае врз долгорочната исплатливост на овие проекти. Од индустријата за обновливи извори на енергија ја критикуваат оваа мерка, со тврдењето дека може да ги обесхрабри инвестициите во нови ветерни електрани, односно успорување на транзицијата кон чиста енергија за која Шведска има поставено амбициозни цели.

Аналитичарите предупредуваат дека Шведска би можела да стане помалку конкурентна во споредба со другите европски држави кои поттикнуваат обновливи извори на енергија преку поволни даночни политики. Сепак, претставниците на владата велат дека овој потег е неопходен за долгорочна финансиска стабилност на енергетскиот сектор.

Испрати коментар

Scroll To Top