Насловна / Вести / Шведска планира изградба на нови нуклеарни реактори

Шведска планира изградба на нови нуклеарни реактори

Шведска полека ги менува своите енергетски политики, отворајќи простор за изградба на нови нуклеарни реактори. Во моментот работат шест нуклерани реактори во три нуклеарни централи, со кои земјата произведува една третина од својата електрична енергија. Шведската влада планира да го промени законот кој во моментот дозволува максимално десет нуклеарни реактори во земјата.

sweden1

Швеската министерка за животна средина рекла дека Шведска мора да го удвои производството на електрична енергија во наредните 20 години, со цел да ги исполни своите еколошки цели. Тоа имаат намера да го постигнат со изградба на десет нови нуклеарни реактори. Таа изјавила дека законските ограничувања не се во согласност со „модерниот поглед на нуклераната енергија“, додавајќи дека ќе се поедностават и процедурите за изградба на нови реактори, кои во моментот е дозволено да се градат само на локациите на постоечките електрани. Владините планови исто така предизвикаа бурни полемики. Значителен е бројот на експерти кои се отворено против експанзијата на нуклеарната енергетика и се залагаат за поинтензивен развој на обновливите извори, посебно енергијата од ветерот. На необврзувачкиот референдум во 1980 година, граѓаните на Шведска го поддржале постепеното укинување на нуклеарната енергија. Од тогаш до денес, Шведска затворила шест од своите дванаесет реактори. Но, во 2016 година, политичкото мнозинство се согласило за повторно постепено зголемување на производството на нуклеарна енергија. Новата десничарска влада, најави изградба на нови реактори и промена на еколошките цели од „100% обновлива енергија“ на „100% нефосилна енергија“, веднаш откако минатата есен дојде на власт.

sweden2

 

Испрати коментар

Scroll To Top