Шведските официјални лица упатија остри критики кон скептиците за климатските промени, особено на новата Влада на САД, во моментот кога оваа скандинавска земја го претстави на јавноста својот прв закон за климата, ветувајќи нулта емисија на стакленички гасови до 2045 година и намалување на емисиите во сообраќајот за 70%. Шведскиот премиер изјави дека пораките кои пристигнуваат од администрацијата на Трамп се загрижувачки.
Новиот закон во Шведска ќе стапи на сила на 1ви јануари 2018. Тој е резултат на спогодбата на седум парламентарни партии и ќе биде правно обврзувачки за сите наредни влади.
(Извор: Anadolu Agency)