Шведска планира да ги укине субвенциите преку шемата за зелени сертфикати за проектите на копнени ветерни електрани, а тоа во исто време ќе го направи и Норвешка, која својата програма ќе ја запре кон крајот на 2021 година. Според шведскиот министер за енергетика, „копнените ветерни електрани се рентабилни и без субвенции“. Според статистиките на Шведската асоцијација за ветерна енергија (SWEA) земјата има инсталирано 8.200 MW во капацитети на ветерна енергија, од кои само 190MW се офшор. Во иднина, земјата планира да ги зголеми капацитетите на море, како и да ги намали трошоците за приклучување на мрежа.