Проектот на изложбената зграда, кој ќе биде отворен за јавноста следниот мај, го потпишува реномираното архитектонско биро БИГ. Зградата на музејот за луксузни часовници Audemars Piguet има за цел да го прикаже наследството на занаетчиството за изработка на часовници во историјата од 139 години.
Спиралниот стаклен павилјон поставен во природен пејзаж, всушност ќе биде анекс на зградата во која се сместени седиштето на овој познат бренд во швајцарското село Ле Брасус. Дизајнот на објектот е инспириран од механизмот на часовникот, така што формата се добива преку две спирали што се вртат заедно како часовникот.
Спиралната форма одговара на барањата на програмата, така што наративниот пат низ објектот ќе биде сличен на Гугенхајм во Њујорк.
Она што е особено возбудливо е фактот дека музејот ќе биде составен дел од природниот пејзаж. Покривот е целосно зелен, така што посетителите можат да прошетаат наоколу и да го погледнат идиличното швајцарско село.
Фасадата на музејот за часовници е направена од стакло, како и перфориран лим во структура на саќе во бронза, така што таа се вклопува во природата.
Проектот опфати и создавање галериски простор, работни места како и куќа за гости.