Насловна / Екологија / Швајцарски концерн произведува биогориво од слама

Швајцарски концерн произведува биогориво од слама

Clariant_Umweltarena3
Швајцарскиот хемиски концерн “Clariant” успешно произведе илјада тони биогориво од слама и продолжува да ја усовршува постапката на производство на етанол од растителни остатоци што ја започна во 2006 година, пренесува  Deutsche Welle.

Досега не беше можно производство на етанол од растителниот отпад, а сега за првпат автомобилската индустрија го тестира ова гориво. Со користењето на новата технологија и модерните ензими, компанијата „Clariant“ ја преработува сламата од која добива шеќер, а со преработката на шеќерот произведува етанол кој се додава на бензинот. Во Германија се проценува дека од 11 милиони тони слама може да се добие седум милиони тони биогориво, што задоволува 9% од потребите за биогориво.

Испрати коментар

Scroll To Top