Насловна / Вести / Швајцарски експерти ќе работат на подобрување на енергетската ефикасност во Македонија

Швајцарски експерти ќе работат на подобрување на енергетската ефикасност во Македонија

Svajcarsko makedonska sorabotka za EE

Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Александар Дуковски и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Розанди Лоу, вчера потпишаа меморандум за соработка за ефикасна, континуирана и координирана соработка помеѓу ИМЕ програмата и Агенцијата за енергетика во областа на енергетската ефикасност. Меморандумот се однесува на координација на активностите за развој на модел за нудење на енергетски услуги во Македонија и потребните законски измени за операционализација на тој модел.

Соработката меѓу ИМЕ програмата и Агенцијата за енергетика вклучува стручна помош за изработка на анализа за енергетски услуги во јавниот сектор и потенцијалите за давателите на енергетски услуги, развој на модели за тендерски постапки за енергетските услуги, поддршка за промена на законодавството за имплементација на овие модели, како и промоција на добрите практики за тендерските постапки за енергетските услуги.

 

Испрати коментар

Scroll To Top