Насловна / Вести / Швајцарија – земја на рециклирањето

Швајцарија – земја на рециклирањето

Швајцарија е една од водечките земји во Европа по рециклирање отпад. На оваа тема и за други еко искуства разговаравме со Александар Диневски, актер кој живее и работи во Швајцарија. eko iskustvo - provereno (1)

Сортирањето на отпадот не само што ја подобрува и намалува употребата на природните ресурси, туку и има огромно значење за заштита на човековата околина.

Диневски вели дека практичните и прецизни Швајцарци уште одамна разбрале дека отпадот не е отпад, туку со собирање и класифицирање на отпадните работи може да се заштеди многу енергија а истовремено и да се подобри домашниот буџет, и со тоа да се придонесе за зачувување на здрава и чиста животна средина.eko iskustvo - provereno (3)

Екологијата се учи од мали нозе

Спроведено во пракса сите инфрмации околу екологијата се учат уште од мали нозе, почнувајќи прво од домот на живеење. Во секој дом, семејствата имаат различни канти за складирање на домашниот отпад. Покрај големата канта за отпад, има и најмалку уште две помали канти каде се собираат органски остатоци од храната, а исто така има посебно место за собирање на алуминиумски отпад (лименки). Во подрумските простори кај Швајцарците ќе најдете и простор за складирање на весници, картонски кутии, стаклени и пластични шишиња и стара облека.eko iskustvo - provereno (4)

Државата организирано собира отпад

Ист е принципот на складирање и во секоја компанија, институција и буквално на секој чекор во секој град и општина. Државата го стимулира собирањето на отпадот со тоа што во одредени денови во неделата, целокупниот домашен отпад може бесплатно да се депонира на различни пунктови. Сето тоа се собира и се носи во специјални депонии каде сите тие работи се сортираат за различни потреби, така што сè што може повторно да се употреби, се сортира на страна, а оној мал дел што ќе остане а е неупотреблив, се согорува во специјални печки, каде од целокупното согорување на отпадот, две третини од согорувањето е со нула проценти емисија на јаглерод диоксид. Вакви печки се наоѓаат во повеќе населени места во големите градови во Швајцарија, но никогаш не можете да почувствувате непријатна миризба од тие депонии. Притоа, треба да се напомене дека енергијата што се добива од согорувањето на отпадот се употребува за затоплување на многу згради, а притоа се заштедува употреба на нови енергетски извори.

Швајцарија произведува биодизел

Покрај произведувањето и употребата на рециклирана енергија, во Швајцарија од органскиот отпад се произведува биодизел. Ова гориво го користат сите автобуси од градскиот превоз во Цирих, и многу товарни возила во целата земја.

Мора да се напомене и тоа дека, покрај рециклирањето на отпадот, во Швајцарија се води и голема грижа за пречистувањето на отпадните води. На пример градот Цирих има околу 370.000 жители и има спроведено систем од секоја куќа отпадните води (тука спаѓаат само употребената вода од домаќинствата, а не водата од атмосферските води), мора да се приклучи на посебна канализациска мрежа, која директно е поврзана со пречистителна станица за вода. Целата таа вода, се пречистува и 100% чиста повторно се пушта во реката Лиммат, и притоа не постои никаква шанса да се загрозат и загадат природните извори и атмосферски води. За таа цел градот Цирих има направено посебна канализациска мрежа во должина од 4.000 километри. Колку за споредба, тоа е како да одите од Скопје до Хамбург и назад.eko iskustvo - provereno (2)

Кои се бенефитите на земјата од рециклирањето

Од целокупната функционалност на швајцарскиот систем за рециклирање, се добива енергија за 790.000 жители, а тоа е всушност целокупното население на Цирих, Берн, Басел и Луцерн.

Од рециклирањето на алуминиум, пластични шишиња, текстил, батерии, стакло и од електрични апарати, во цела Швајцарија на годишно ниво е намалена продукцијата на штетни гасови за 680.000 тони, а тоа пресметано изнесува 280 милиони литри гориво.

Прецизните Швајцарци пресметале дека, во колку поздрава природна средина живеат, имаат толку поздав народ, а поздрав народ значи помалку социјални давачки, а тоа пак значи повеќе радост и  пари во паричникот на сите граѓани.

ЗДРАВА МАТЕМАТИКА !!!

Подготви: Соња Танеска

Испрати коментар

Scroll To Top