Швајцарската железница (SBB) објави дека за прв пат извршила тестирање на „далечинско управување“ на локомотива, истакнувајќи истовремено дека резултатот од тестот е позитивен. Компанијата соопшува дека засега не планира да користи автоматизирани локомотиви за превоз на патници, туку за одредени работи кои се поврзани со одржување на тунели и префрлање на возовите од спореден колосек на појдовна пруга.
Овој тест спаѓа меѓу првите во Европа кои се спроведени преку пробно возење на поширокото подрачје на Цирих, со поддршка на камери кои го следеле нејзиното движење во реално време. Максималната брзина била 30 km/h, а во локомотивата сепак имало и машиновозачи, за секој случај.