Сообраќајните гужви во Швајцарија тамошната влада сака да ги реши со изградба на автопатишта на кат.
Проектот за двокатни автопатишта, кави веќе има во азиските земји, доби зелено светло од владата. Бројот на часови поминати во сообраќајни застои во Швајцарија континуирано расте, затоа владата одлучила да го реши овој проблем.
Според пресметките, во Швајцарија на автопатиштата поради гужви се стоело 26.000 часови.
Шефот на Сојузната служба за сообраќај Јирг Ретлисбергер планира еден дел од авто патот А1 во Лиматал да биде двокатен.
Владата веќе одобрила проект, кој треба да го зголеми капацитетопт на возилата на автопатот А4 во Шафхаузен.
Реакциите на овие најави се поделени. Зелените не се согласуваат со двоспратни автопатишта, обвинувајќи го Ретлисбергер дека „има повеќе бензин во крвта отколку иднина во глава“.
Зелените сметаат дека двокатните автопатишта се гигантска, погрешна инвестиција, која е во спротивност со Договорот за борба против климатските промени од Париз.
Меѓутоа, Здружението на увозници на автомобили укажува дека одамна се потребни двокатни автопатишта. Тие велат дека горниот кат би можел да биде експресен авто пат со помалку излези и влезови, а долниот би можеле да го користат камиони.