Во холандскиот град Утрехт наскоро ќе се гради 90 метри висока зграда на чија надворешна страна ќе бидат посадени 300 различни видови билки за кои се предвидува дека годишно ќе апсорбира 5,4 тони јаглерод диоксид, а ќе генерира 41,4 тони кислород. Надворешниот дел од зградата, фасадата, терасите и покривот ќе го красат 10.000 стебла и грмушки , а внатре ќе се наоѓаат 200 луксузни апартмани, ресторани, канцеларии и фитнес центар.
Оваа повеќенаменска зграда ја нарекуваат „здрав центар на Утрехт“ бидејќи ќе содржи ресторани со здрава храна, теретана, јога студио, и јавен парк. Зградата носи назив Utrecht Vertical Forest и целта е да го направи градот позелен и поздрав за живот. Изградбата ќе почне во 2019 година, а се очекува да трае три години.