Насловна / Архитектура / Шумарскиот колеџ во Орегон поставува стандард за употреба на дрво во архитектурата

Шумарскиот колеџ во Орегон поставува стандард за употреба на дрво во архитектурата

Во Соединетите Американски Држави, градењето од дрво е најзастапено во северозападниот дел на Пацификот, огромен регион во чиј центар се наоѓа Шумарскиот колеџ на Државниот универзитет во Орегон (OSU) во Корвалис. Со оглед на тоа што регионот е клучен индустриски јазол во делот на дрвната индустрија, логично е два нови проекти – Научниот центар за шуми Џорџ В. Пиви и Лабораторијата за напредни дрвени производи „Ред“ Емерсон, да планираат објекти изградени од дрво. И двата објекта се проектирани од архитектите од бирото „Мајкл Грин Архитектура“ (MGA), и иако се разликуваат по големина и архитектонско обликување, и двата го користат скоро секој дрвен производ што ни е даден под сонцето, а сето тоа поставувајќи висока граница за одржливи извори на материјали.

Fasada 3

Во согласност со визијата на Државниот универзитет во Орегон за создавање „динамична средина за учење, соработка и истражување за управување и одржување на работните шумски екосистеми во 21-виот век“, Мајкл Грин вклучил бројни оддели и групи на идни корисници во изработка на проектот, со цел да се создаде проект произлезен од размена на знаење.

Enterier 2

На 7.500 квадратни метри, Peavy Center е поголемиот од двата објекта и во него се сместени предавалните на колеџот, истражувачките лаборатории и мноштво административни простории. Втората зграда, Лабораторијата за напредни производи од дрво именувана по „Ред“ Емерсон, е помала, но ја игра важната улога на поврзување на академското знаење со практичното знаење, бидејќи е наменета за изградба на дрвени елементи и конструкции.

Enterier 3

Целта не е само да се изработат објектите, туку и да се тестираат научно, со прецизна цел да се добијат информации за употреба за технолошки иновации. Објектот „Ред“ Емерсон, со површина од повеќе од 150 квадратни метри, вклучува области за изградба и тестирање. Оваа зграда, иако поедноставна, исто така е направена речиси целосно од дрво, освен подот, кој морало да биде особено отпорен поради стресот на кој ќе биде подложен при користење.

Detal 1

Конструктивното решение е релативно едноставно решено со употреба на два система. Едниот систем е класична дрвна конструктивна скелетна конструкција, додека на другиот систем на местата каде што има поголем распон се користи комбинирана конструкција формирана од лепени дрвни носачи и бетонски греди. Подните плочи и ѕидовите се изработени со вкрстено ламинирано дрво (CLT) со што го зацврстуваат конструктивниот систем. Во овој објект за прв пат се употребил еден систем за подобрување на сеизмичките оптоварувања. Дизајнирани од фирмата „Еквилибриум консалтинг“ од Ванкувер и изработени од производителот од Орегон Д. Р Џонсон, ѕидовите за зацврстување на конструктивниот систем се таканаречени „лулачки“ ѕидови или подвижни.

Detal fasada 1

Концептот првично бил развиен и применет на зграда од помал обем во Нов Зеланд и претставува директен одговор на обезбедување флексибилен дизајн, со оглед на високите сеизмички барања. Ѕидовите за зацврстување од CLT се составени од независни делови поврзани вертикално со посебен систем за затегање. Ова им овозможува на ѕидовите да се движат и да се самоцентрираат за време на земјотрес, а исто така постои можност компонентите селективно да се заменуваат по потреба, доколку имаат оштетувања.

Fasada 2

Имено, „Ред“ Емерсон и поголемиот Џорџ В. Пиви, се изградени од дрвени производи кои потекнуваат изворно од Сојузната Држава Орегон. Уште повеќе, комплексот е означен како проект SMART-CLT, и како таков, во него се вградени стотици сензори кои ја следат содржината на влага, топлинските перформанси, конструктивните движења и други такви индикатори, со што се овозможува да се зголеми животниот век на комплексот. Со значителна поддршка на државната шумарска индустрија, Комплексот за шумски науки на OSU има воспоставено стандард за другите универзитети во регионот што треба да го следат, при што проектите за проширување на кампусот стануваат лаборатории за иновации во употребата на дрво во конструктивните системи и зачувување на животната средина. Ова е сигурно само почеток.

gallery_awpentrance

Vlez

Испрати коментар

Scroll To Top