Иако зборот Google сам по себе на почетокот не значел ништо, зад него се крие интересна приказна.
Творците на пребарувачот Google, Лари Пејџ и Сергеј Брин, работеле на името на нивниот проект уште во 1996 година (две години пред лансирањето на сајтот) и го нарекле „BackRub“.
Но не биле задоволни и се свртеле кон името Google. Google е погрешно изговорен зборот Googol, па името на најпознатата веб-страница во светот е изведено од Googol. Сепак, Пејџ и Брин биле принудени да го сменат терминот Googol, бидејќи тој домен на интернет веќе бил зафатен и по неколку комбинации Google им изгледал најпривлечно.
Googol е математичкото име за бројот еден, позади кој стои низа од 100 нули.
Зборот Googol (и неговиот дериват Google) бил како создаден за Пејџ и Брин, бидејќи совршено го отсликувал значењето на нивниот интернет пребарувач – сортирање и пронаоѓање на голема количина на информации, факти, сајтови, слики, датотеки, броеви и друга достапна содржина на мрежата.
Пимот Googol првпат го употребил американскиот математичар Едвард Каснер во 1938 година.