Насловна / Вести / Што вели европската агенција за екологија за загадувањето на воздухот?

Што вели европската агенција за екологија за загадувањето на воздухот?

Smog alert in Brussels

Агенцијата на ЕУ за екологија тврди: квалитетот на воздухот во Европа е многу лош и претставува здравствен ризик – како последица секоја година предвремено умираат над 400.000 луѓе.Загадувањето на воздухот, според информациите на Европската еколошка агенција, ЕУА, претставува „најголем поединечен еколошки условен здравствен ризик“. Поради нечистиот воздух, се вели натаму, се скратува животниот век на луѓето, а освен тоа тој потпомага појава на сериозни болести како срцеви и проблеми со дишните патишта, како и рак.

smog Evropa1

Во новиот извештај, кој ЕУА го објави во Копенхаген по повод Климатската конференција во Париз, се проценува оти во Европа на загадувањето на воздухот треба да се припише предвремена смрт на 430.000 луѓе годишно.Како што произлегува од извештајот, мнозинството жители на градовите се изложени на штетни материи во воздухот во опсег кој Светската здравствена организација го класифицира за опасен. Меѓу најпроблематичните штетни материи се вбројуваат ситната прашина, азотниот диоксид и озонот на мали височини.Меѓу штетните материи во воздухот, фината прашина(т.н PM10 честички) е главниот извор за болести и предизвикувач на предвремена смрт во Европа. Комплексната мешавина од цврсти и течни честички стигнува кај луѓето во носната празнина, а ултраситните честички  PM10 и во белодоробното ткиво и во крвотокот.Доминантен извор на овие честички  е сообраќајот. Ситната прашина доаѓа од моторите, особено од  тие на дизел погон, кочниците, триењето на гумите, како и преку раздувувањето на прашината од уличните површини во воздухот.

ДЕСЕТ НАЈМНОГУ И ДЕСЕТ НАЈМАЛКУ ЗАГАЗДЕНИ ЗЕМЈИ

deset najzagadeni i najmalku zagadeni zemji so PM10.1

Пресметките на експертите на ММФ по повод загадувањето на воздухот предизвикано од електраните на јаглен и сообраќајот покажуваат екстремни трошоци во светски рамки, првенствено во здравството. Според проценките, глобалните трошоци за здравството во 2013 година изнесувале околу 2.200 милијарди долари.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top