Насловна / Вести / Што се всушност терариуми?

Што се всушност терариуми?

Името терариум доаѓа од латинскиот збор terra, што значи земја.

Велиме дека тоа се речиси самоодржливи затворени системи во проѕирен затворен стаклен сад во кој се засадени повеќе видови растенија и растителни видови. Акцентот е ставен на речиси самоодржлив систем бидејќи терариумите, со оглед на тоа што во системот има и живи растенија, сепак имаат потреба од нега од време на време, иако таа е сведена на минимум. Терариумите во стаклени садови можат да бидат со различни големини и форми, спаѓаат во помали екосистеми, а она што го сакаме кај терариумите е секако леснотијата на одржување, нивниот интересен концепт и начинот на кој функционираат. Во терариумите, меѓу другото, се случуваат два најважни процеси:

6

ФОТОСИНТЕЗА

Тие функционираат на начин што во текот на ноќта или кога нема доволно дневна светлина, зелените растенија засадени во садот внесуваат кислород и ослободуваат јаглерод диоксид. Меѓутоа, во текот на денот, кога зелените растенија во терариумот добиваат сончева светлина, тие ќе фотосинтетизираат за да направат храна и да произведат кислород.

1 00

ЦИКЛУС НА КРУЖЕЊЕ НА ВОДАТА И КОНДЕНЗАЦИЈА

Растенијата ја апсорбираат влагата од супстратот преку нивните корени, која потоа испарува преку листовите заедно со влагата од супстратота. Кога таквата влага ќе ги допре поладните ѕидови на стаклениот сад, се формира кондензација во вид на капки вода кои поради гравитацијата ќе се лизгаат назад во супстратот. Ова е всушност начин на наводнување, бидејќи влагата кружи внатре во самиот стаклен сад,  па на овој начин се (само)одржува екосистемот.

3

На растенијата кои живеат во таков екосистем и урамнотежена микроклима на затворениот терариум потребно им е многу малку внимание, но секако треба да им се обезбеди:

– клучна е правилната положба на терариумот во просторот

– не смеат да бидат на директна сончева светлина, но потребно е да им се обезбеди доволно индиректна филтрирана светлина

– на ѕидовите на затворениот терариум мора да се појават кондензирани капки вода

– почвата секогаш мора да биде влажна

002

Условите внатре во терариумот се идеални, за разлика од условите во собата, бидејќи растенијата се затворени, сувиот воздух не им пречи, имаат своја микроклима, а преку процесот на фотосинтеза создаваат кислород и енергија за себе. Имајќи предвид дека условите во терариумот се идеални за раст и развој, може да растат и други помалку посакувани видови (на пример, мувла), која сакаме да ја спречиме за да ги одржуваме нашите шуми здрави и убави долго време.

0004

Одгледувачите на терариум стигнале до таму, што за да ги направат терариумите биоактивни додаваат ситни скокуни (lat. Collembola), мали, бели и ситни бубачки кои се чистачи на органски отпад. Тие ќе ги изедат сите изгниени лисја од растенијата или растителни видови и секоја мувла што може да се формира. Тие се всушност мал тим за чистота кои многу помагаат во одржувањето на терариумот и затоа го прават да трае подолго, а ја намалуваат нашата интервенција и грижата за терариумот.

02

Најдобро решение за полевање на терариумот е прскалка, бидејќи со неа најдобро се контролира количината на вода и рамномерно се полева терариумот.

Колку вода е потребна ќе зависи од количината на влага во терариумот и големината на терариумот (помалите терариуми треба почесто да се полеваат). Кога за време на полевањето, супстрактот по рабовите на стаклениот сад ја менува бојата во потемна, тоа значи дека е внесена доволно влага.

Обидете се да прскате по рабовите на садот, мовта и камчињата, а избегнувајте да ги навлажнувате самите лисја на растението.

000

 

Испрати коментар

Scroll To Top