Насловна / Архитектура / Што се собира во 17 квадратни метри

Што се собира во 17 квадратни метри

За разлика од грандиозните проекти на кои работи реномираното проектантско биро BIG, овој пат проектот е мал, но само според квадратурата. Во соработка со Søren Rose Studio, прославениот дански архитект Bjarke Ingles за компанијата Klein, испроектирал куќа наречена А45 која е карактеристична по малите димензии и концептот кој овозможува удобен живот на сите оние кои посакуваат дом во природа.

1
Од одреден агол куќата изгледа како коцка, додека од друг агол личи на пирамида.
Куќата А45 е со површина од само 16.7 квадратни метри. Има форма на буквата А која е ротирана под агол од 45 степени со што се добиваат повисоки ѕидови и поголема површина, пишува Architectural Digest.

4
„Ова е неверојатно компактен дом кој со сигурност ќе ви овозможи да ја доживеете природата во полн сјај“., објаснува Bjarke Ingels.
Ingels и Rose кои професионално се познаваат веќе 20 години, делат иста љубов кон природата, како и желба за бегство од градската врева.

2

Идејата за оваа мала куќа се родила кога двајцата архитекти патувале на планината Катскил во државата Њујорк. Посе детални истражувања произлезен е проектот А45 кој одговора на нивниот скандинавски карактер.
Во куќата е организирана мала кујна, дневен боравок кој има печка на дрва, купитало и издигнато ниво за спиење. И се тоа во помалку од 17 квадрата.

3
Потребната енергија за функционирање на куќата се создава со помош на соларни панели, а моментално се истражуваат додатни технолошки можности во купатилото за да биде куќата што позелена.

Испрати коментар

Scroll To Top