Насловна / Екологија / Што претставува системот EMAS?

Што претставува системот EMAS?

EMAS KBK
EMAS (Eco-Management and Audit Scheme)
 претставува систем за еко менаџмент и шема на проверка, кој е воспоставен во 1993 во Европската Унија. Од 1995 г. компаниите од областа на  индустријата почнаа да го воведуваат на доброволна основа, а подоцна EMAS е проширен и на другите компании кои имаат влијание врз животната средина. Целта на овој систем е да се промовира непрекинато оценување и унапредување на активностите од областа на заштитата на животната средина. Компаниите што сакаат да го имплементираат овој систем, најпрво мораат да ја формулираат политиката за заштита на животната средина во областа на биодиверзитетот, енергетската ефикасност, ефикасноста на ресурсите, водата, отпадот и емисијата на стакленички гасови, и потоа да воспостават ефикасен систем за управување со заштитата на животната средина.

Системот EMAS им овозможува на компаниите да ги намалат трошоците и ризиците поврзани со заштитата на животната средина. Освен тоа, се зголемува конкурентноста, се унапредува деловното опкружување и сл.

Кога станува збор за компании кои веќе имаат ISO 14001, пред имплементацијата на EMAS треба да се напише и верификува изјава за заштита на животната средина. Кај некои компании потребно е да се даде оценка на почетната состојба, доколку претходно не се опфатени сите аспекти за заштита на животната средина.

EMAS се применува во 27 земји од ЕУ, како и во Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Земјите кандидати за членство во Унијата се во процес на имплементација, бидејќи и имплеметацијата на овој систем е еден од многуте услови за членство.

Испрати коментар

Scroll To Top