НАСА ги објави своите планови и активности за следната година, а новите истражувања ќе бидат фокусирани на Марс и Месечината. Една од целите е до 2024 година, НАСА да биде прва во истријата на човештвото која ќе испрати жена на Месечината. За да ги оствари поставените цели, Агенцијата има намера да ја реализира мисијата „Артемис“ со која на површината на Месечината ќе ја достави потребната инфраструктура. Возилото „Ровер“ повторно ќе биде испратено на Марс за ново земање примероци од оваа планета. За таа цел ќе се тестира и возилото „Моки“ кое ќе треба да генерира воздух на Марс. На Марс ќе биде тестиран и роботизираниот хеликоптер кој ќе се користи за истражување. Во плановите на НАСА е и лансирање на моќен телескоп, кој ќе обезбеди нови податоци за вселената, што ќе овозможи предуслови за евентуално пренасочување на опасните астероиди. Во орбитата ќе биде лансиран и сателитот „Ландсат 9“ со кој ќе се набљудува Земјата. НАСА ќе продолжи со лансирање на астронаути и тестирање на нови летала, а се работи и на првиот електричен авион “КС-57 Маквел”.