Насловна / Архитектура / Што му е потребно на еден канцелариски работник за поголема продуктивност? Секако, поглед низ прозорец

Што му е потребно на еден канцелариски работник за поголема продуктивност? Секако, поглед низ прозорец

COVID-19 поттикна многу нови концепти и размислувања кога станува збор за проектирањето на канцеларискиот простор. Потребата за поголем простор од една страна, но исто така и обезбедување на поголема удобност на канцеларијата со оглед на навиката на работење од дома во подолг период, ги наведе менаџерите и архитектите во насока на испитување на следниот аспект – кои погодности треба да ги има канцеларијата за да бидат вработените попродуктивни?

Една нова студија од University College London, Bartlett School of Architecture, открива дека за да се зголеми продуктивноста на вработените, мора да бидат исполнети одредени критериуми како што се – канцеларии со отворен простор, но и бироа покрај прозорец. Студијата открива и дека помали канцеларии со само неколку бироа овозможуваат поголема продуктивност. За целта на оваа Студија, истражувачите анализирале четири ката во зградата на седиштето на една интернационална компанија во Лондон. Персоналот бил интервјуиран во однос на нивните преференци. Несомнено, поголемиот број на бироа носи поголемо незадоволство, исто како и работните места свртени кон ѕид отколку покрај прозорец.

Според тоа, вработените преферираат поглед низ прозорец како и визуелна контрола врз работната околина, која треба да биде со помал број работни места и во помала и поинтимна канцеларија.

office1

office2

office3

Испрати коментар

Scroll To Top