Да се добие успешен проект и реализација потребни се многу елементи со јасно поставена цел, а таа е – што можат други можеме и ние, а што можеме ние не можат баш сите.
По барање на Инвеститорот да се размислува за идеи како дел од глобалната слика за БИ ХОЛДИНГ компанијата, од арх. Лина Радовановиќ се бараше да се добие простор, кој издржува посебна надмоќ со потреба за достигнување на највисоки цели. Ентериерот треба да поседува силен натпреварувачки дух, па дури и во битка самиот со себе. Сите елементи во просторот освен столиците, се проектирани и изведени во нулта серија за млад успешен претприемач.
Тоа бараше одлучност и посветеност да се биде доследен и да се дејствува во позитивна атмосфера. Применетиот концепт станува дел од глобалната слика за БИ ХОЛДИНГ во кој лимитите ќе се поместуваат со растот на холдингот.