Насловна / Вести / Што ќе смени изборот на Доналд Трамп во енергетиката?

Што ќе смени изборот на Доналд Трамп во енергетиката?

US-POLITICS-ELECTION-TRUMP-VOTE-REPUBLICANS

Изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател, веројатно вознемири многумина од аспект на политиките и ставовите што ги заговараше во својата кампања. Сепак, извесно е дека неговата енергетска политика дури сега треба да биде креирана. Дека многу прашања сè уште се отворени, покажува и фактот што ниту цената на нафтата не се зголеми драматично по неговата победа. За разлика од Клинтон, чија кампања беше многу детална од аспект на енергетските прашања,

obama-za-klimata

Трамп ретко се осврнуваше на оваа тема и никогаш не навлезе во детали. Но, како што сега стојат работите, речиси е извесно дека тој сака да го сруши планот на Обама „Clean Power Plan“, кој подразбираше постепено затворање на централите на јаглен.

Беше очигледно дека Трамп е најмалку загрижен за климатските промени во споредба со другите кандидати, па најверојатно тој ќе биде фокусиран на бизнисот и фосилните горива, наместо на чистите технологии.

clean-power-plan

Но, сепак, познавачите на законите во оваа земја укажуваат на фактот што американскиот Устав во многу подрачја му дава право на претседателот главно да уверува, но не и да носи одлуки самостојно, така што околу енергетските теми ќе му биде потребна силна поддршка од Конгресот. Имајќи предвид дека за промена на курсот во однос на јагленот ќе биде потребно и менување на некои закони, сепак може да се заклучи дека администрацијата на Трамп ќе може да ветува револуција во енергетската политика, како впрочем и во други обасти, но во реалноста ќе се случуваат многу повеќе компромиси отколку што на прв поглед изгледа.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top