Насловна / Вести / Што ќе се случи ако до 2050 се исцрпат литиумот и кобалтот?

Што ќе се случи ако до 2050 се исцрпат литиумот и кобалтот?

Литиумот и кобалтот се клучните елементи во производите на современата висока технологија, меѓу кои се секако литиум-јонските батерии. Помеѓу останатото на овие батерии се базира и развојот на важните индустрии како автомобилската (електричен и хибриден погон),  телекомуникациите, воената индустрија или индустријата на обновливи извори на енергија. Литиумот е релативно редок елемент, но географски е распрстранет на различни страни во светот. Најголемите наоѓалишта се наоѓаат во Чиле, Канада, Франција, германија и САД. Кобалтот ретко се наоѓа во чиста форма, бидејќи најчесто е компонента на разни руди, но сепак количините се многу мали. Најголемите резерви на кобалт во светот се наоѓаат во Конго.

LiCo

 

Германските научници  C. Vaalma, D. Buchholz, M. Weil и S. Passerini заедно со своите соработници од германскиот институт  Helmholtz Institute Ulm (HIU) и Универзитетот Karlsruhe Institute of Technology (KIT) заеднички предупредуваат дека доколку се продолжи со сегашното ниво на потрошувачка на овие елементи, до 2050 година може да дојде до сериозен недостаток на литиум и кобалт на пазарот. Разбирливо таа ситуација ќе доведе и до значително зголемување на нивните цени.  Како најголема потврда за овие прогнози се наведува забележниот пораст на цените од 120% во текот на една година односно од 2016 до 2017 година.  Германските научници своите наоди ги објавиле во списанието  Nature Reviews Materials.

LiCo2

 

Нивните истражувања се насочени кон наоѓање алтеранатива за литиумот и кобалтот, во некои други елементи кои се подостапни во природата. Се работи за почеток на развојот на натриум-јонски батерии, магнезиум-јонски батерии, како и други видови батерии чии компомненти се лесно достапни. Сепак, светот нема да престане да постои доколку снема литиум и кобалт. Но, имајќи предвид дека литиумот  освен за технолошки цели се користи и во медицината, треба да се надеваме дека после сите произведени батерии, телефони, ракети и сл., ќе остане доволно брем за лек.

LiCo3 LiCo4

Испрати коментар

Scroll To Top