Насловна / Арт и дизајн / Што има во кутијата што ја добиваат освојувачите на олимписки медали во Париз

Што има во кутијата што ја добиваат освојувачите на олимписки медали во Париз

Многу гледачи кои ги следат Олимписките игри во Париз забележаа дека освојувачите на медали не добиваат само златни, сребрени или бронзени одличја. Сите тие носат дома неколку посебни подароци.

Постер

Во кутија со димензија околу 40 цантиметри што на церемонијата ја добиваат спортистите кои завршиле во првите три на натпреварувањето, се наоѓа официјалниот постер за Игрите во Париз, дизајниран од Ugo Gattoni.

Постерите за Париз 2024 создадени заедно со францускиот илустратор, со нивните богати детали се портрет на град-стадион како од соништата, повторувајќи го слоганот на ОИ: „Игри ширум отворени“ и ја одразуваат амбицијата на проектот – да се внесе спортот во градот.

Маскота

По церемонијата, добитниците на медали добиваат и златна, сребрена или бронзена маскота, која е направена во Франција во фабриката Doudou & Compagnie. Златните, сребрените или бронзените медали се претставени со амблем сошиен на маскотата, бојата на патиките и текст „Браво“ на задната страна на маскотата. Маскотата се вика „Phryges“. Именувана е по фригиската капа, која е симбол на слободата и револуцијата.

Медали

Шестоаголно, полирано парче железо земено од Ајфеловата кула е вградено во секој медал што се закачува околу вратот на спортистите на Олимпијадата во Париз, а подоцна и на Параолимпијадата.

Произведени се вкупно околу 2.600 олимписки и 2.400 параолимписки медали, што е веројатно повеќе отколку што ќе биде потребно. Некои ќе бидат складирани во случај медалите да треба да се прераспределат по Игрите, што може да се случи кога на освојувачите на медали последователно ќе им бидат одземени наградите поради допинг. Некои од нив одат во музеи, а сите други резервни делови може да се уништат.

Златните медали тежат 529 грама и не се од чисто злато. Изработени се од сребро и обложени со шест грама злато. Сребрените медали тежат 525 грама, а бронзените 455.

Испрати коментар

Scroll To Top