Насловна / Вести / Што гуглаше светот во 2022 година: Wordle најпребаруван поим, Новак Ѓоковиќ најпребаруван спортист

Што гуглаше светот во 2022 година: Wordle најпребаруван поим, Новак Ѓоковиќ најпребаруван спортист

Google објави листа на најбараните поими кои светот ги пребарувал во 2022 година. На прво место се најде Wordle, хит игра која стекна толку голема популарност што ја купи New York Times.

1

Интересно е што во топ 10 најпребарувани поими се најдоа дури три крикет натпревари – второто место го зазеде мечот меѓу Англија и Индија, петтото Индија – Јужна Африка, додека седмото место го зазеде мечот Индија – Антили. На десеттото место е Индиската Премиер лига.

Украина е трета меѓу најбараните поими, а кралицата Елизабета, која почина во септември, е на четвртото место.

Во топ 10 најпребарувани поими на Google во 2022 година се и: Светско првенство во фудбал (6. место), iPhone 14 (8. место) и Џефри Дамер (9. место).

Според Google, најпопуларниот спортист во годината која ја испраќаме е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во 2022 година го освои својот 21. Грен слем, победувајќи го Ник Кирјос во финалето на Вимблдон.

2

На листата на најпребарувани спортисти позади Ѓоковиќ се Рафаел Надал, Серена Вилијамс, Манти Те’о, Шон Вајт, Јузуру Хању, Бритни Грајнер, Жерар Пике, Каин Веласкез и Карлос Алкараз.

Инцидентот што се случи на доделата на Оскарите меѓу Вил Смит и Крис Рок, поради шега на сметка на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит, како и разводот на Џони Деп и Амбер Херд, влијаеше овие пет актери да бидат најпребарувани на Google во филмската индустрија, но и меѓу најбараните личности генерално.

01

Новак Ѓоковиќ се најде на шестото место на листата на славни личности кои годинава најмногу ги гуглавме – пред него се Џони Деп, Вил Смит, Амбер Херд, Владимир Путин и Крис Рок.

00

Кога зборуваме за личности кои нè напуштија во 2022 година, светот најмногу ја гуглаше кралицата Елизабета, актерките Бети Вајт, Ен Хеч, комичарот Боб Сагет и пејачот Арон Картер.

Смртта на кралицата Елизабета беше меѓу најпребаруваните глобални теми на Google и се најде на второто место, по Украина. Светот најмногу ги пребаруваше резултатите од изборите во САД, американската лотарија Powerball, мајмунските сипаници, ураганот Иан, исходот од судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, како и инцидентот на Оскарите.

0

Најпопуларни филмови во тековната година беа Тор: Љубов и гром, Црниот Адам, Топ Ган: Маверик, Бетмен и Енканто, додека најпребарувани ТВ серии на Google се Еуфорија, Dragon House, Moon Knight, The Watcher и Inventing Anna.

Испрати коментар

Scroll To Top