Нивото на река Брегалница на неколку клучни точки за поплави остана непроменето. Обиколницата околу Ново Село која во 2013 беше поплавена а со тоа и домовите на куќите покрај истата, остана сува. И покрај прелевањето на браната Мантово со околу 113 м/3 вода, и дотек на околу 290 м/3 во акумулацијата, нема штети во Ново Село во Штип, а со тоа и на имотите на луѓето, пренесува „1.мк“.
И покрај тоа, штипскиот градоначалник и локалната самоуправа презедоа итни мерки за обезбедување на имотите на жителите на Ново Село. Изминатите 24 часа локалната власт поддржана од припадниците на АРМ, МВР, ЦУК, јавните претпријатија и државните органи обезбедија појас од неколку илјади вреќи со песок на критични точки околу обиколницата во Ново Село, со што беа презедени мерки за безбедност и во случај на излевање на Брегалница.
Локалната самоуправа веќе најави преземање на мерки со кои ќе се обезбеди коритото на Брегалница на неколку клучни точки, а тоа ќе значат и трајни решенија со што во иднина нема да има вакви стресови за жителите од Ново Село. Нивото на Брегалница кај 8.Ноември и во Ново Село ова утро остана на исто ниво како и доцна синоќа во 21 часот, кога се очекуваше и првиот бран на излевање, а што не се случи.