Насловна / Вести / Штипски свештеници се фатија за лопата

Штипски свештеници се фатија за лопата

crkvastip5

Свештеници од Брегалничката Епархија денес ги засукаа ракавите. Наместо кандила и свеќи, во рацете имаа мотики, лопати и гребли. Повод за ваквата нивна физичка активност е уредувањето на дворот на црквата „Свети Климент и Света Петка“ во населбата Сењак во Штип, каде ЈП „Исар“ започна со проект за урбано уредување на просторот:

crkvastip4

– Ова е заеднички проект на Општина Штип и ЈП „Исар“. Овој заден дел на црквата со површина од над 2500 м/2, кој беше запуштен ќе биде претворен во убаво место за одмор и релаксација на граѓаните. Ќе има пешачка патека, зеленило, садници од дрва, хортикултурно уредување и слично – изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“.

crkvastip3

– Сакаме да помогнеме и ние во уредувањето на овој храм, да биде место каде многумина ќе се чуствуваат пријатно. Тоа е дел од нашите активности, а за Божиќ ќе спроведеме и хуманитарна акција за собирање на храна и облека која им е потребна на ранливите семејства – изјави Протојереј, Николче Ѓоргиев од Брегалничката Епархија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top