Насловна / Вести / Штипски „Исар“ за три месеци обработил 18 тони пластика и шест тони хартија

Штипски „Исар“ за три месеци обработил 18 тони пластика и шест тони хартија

fabrikaotpad1234567

За три месеци , штипски „Исар“ обработил 18 тони пластика и 6 тони хартија. Дневно, во претпријатието се обработуваат околу 600-700 тони материјал:

– Ние работиме на селекција на шишињата, ги одделуваме зелени, кафеави и бели, и моментално правиме по 5-6 бали а тоа се шесто килограми – вели Лазо Јованов, вработен во ЈП „Исар“- Штип.fabrikaotpad1

Ова значи и дополнителен финансиски бенефит за претпријатието:

– Досега имаме фактурирано еден милион денари и ова е дополнителен приход за јавното претпријатие. Меѓутоа главната цел ни е да влијаеме на разумот, односно да ја подигнеме свеста на граѓаните дека треба да го рециклираме отпадот – вели Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“.

fabrikaotpad12345678

Сепак, огромни количини на хартија, стакло, пластика и железо, а со нив и пари пропаѓаат, зашто примарната селекција на отпад, кај нас речиси и да ја нема:

– Ние го добиваме селектиран отпадот и овде само ги одделуваме шишињата. Добиваме отпад од градинките и другите установи, додека од контејнерите не го рециклираме отпадот бидејќи нашите граѓани не го селектираат истиот – кажа Димитар Белиќ, раководител на фабриката за селекција и обработка на отпад.

fabrikaotpad123 fabrikaotpad12

Општина Штип, дневно произведува околу 250 – 280 м/3 комунален отпад. Од него, околу 80-90 м/3 отпаѓаат на пластика, 70-80 м/3 на хартија, 1 м/3 стакло и 80 – 90 м/3 друг комунален отпад. Од оваа количина на отпад, граѓаните селектираат едвај 1-2 % .

Испрати коментар

Scroll To Top