Насловна / Вести / Штипска „Актива“ ќе го гради мултимедијалниот центар во Штип

Штипска „Актива“ ќе го гради мултимедијалниот центар во Штип

multimed5`

Центарот за развој на источниот плански регион и штипската компанија „Актива“ потпишаа договор за изградба на мултимедијален центар во Штип. Станува збор за реализација на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – CREATIVA“, кој е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Носител на проектот е Центарот за развој на Источниот плански регион со седиште во Штип и народното читалиште „П.Р.Славејков-1938“ од с.Брезница, Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија. Градоначалникот на Штип, прим. м-р Илчо Захариев кој присуствуваше на потпишувањето на договорот, изјави дека со изградбата на овој објект, овој дел од градот ќе биде најубав:

– Ова е проект преку кој ќе создадеме трајно дело за градот и ќе ја урбанизираме локацијата која порано беше дувло на наркомани. Со изградбата на овој објект, ќе имаме нешто што ќе биде на користење за идните генерации и кој ќе биде посветен на младите, а ќе биде изграден со пари од европските фондови.multimed1`

Иле Николов, сопственик на „Актива“, истакна дека објектот ќе биде изграден во утврдените рокови:

– Можам да кажам дека сум задоволен што на тендерската постапка победи „Актива“, која има искуство во вакви зафати. Професионално ќе работиме и некаде до октомври, најдоцна ноември, објектот ќе биде изграден, а веќе во декември сите ќе бидеме дел од свеченото отворање на мултимедијалниот центар. Со изградбата ќе почнеме на почетокот на casino online март.multimed8` multimed7` multimed6` multimed4`

Вредноста на проектот е 448.840 евра, од кои oпштина Штип ќе добие 300.000 евра, а бугарската страна 148.000 евра. Мултимедијалниот центар во Штип треба се гради на местото на старото „Летно кино“, кое претставуваше грда слика за градот и не е во функција повеќе од 20 години. Општина Штип учествува со 50% од потребните средства за изградба на овој објект а како дел од обврските, го расчисти и теренот пред  отпочнување со градба. Проектот треба да биде завршен до 17 декември оваа година.

Испрати коментар

Scroll To Top