Насловна / Архитектура / Штип: некогашното летно кино – мултимедијален центар

Штип: некогашното летно кино – мултимедијален центар

multimedijalen-stip1

Штипската фирма „Актива“ продолжува да го гради мултимедијалниот центар во Штип, проект на Центарот за развој на источниот плански регион и Општина Штип. По потпишувањето на договорот во февруари, од март започнаа и работите на терен, а до крајот на ноември се очекува објектот да биде завршен.multimedijalen-stip5

Мултимедијалниот центар се реализира во рамките на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – CREATIVA“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Локацијата на објектот се наоѓа на почетокот на месноста Суитлак и на неа постои објект од летно кино, кој не е во употрба повеќе од дваесет години и е целосно руиниран. Теренот е во пад, а од јужната страна локацијата излегува на улицата што води до месноста Суитлак, додека од северната и западната страна е парковска површина.multimedijalen-stip6

– На локацијата на некогашното летно кино во градот, ќе никне нов и модерен објект во кој е планирано да се одржуваат разновидни културно-уметнички манифестации. Вредноста на ЕУ проектот изнесува 448.840 евра, од кои општина Штип ќе добие 300.000 евра. Од нив, повеќе од половина или 186.000 евра ги обезбедува Општина Штип, додека бугарската општина Гоце Делчев добива 148.000 евра – вели штипскиот градоначалник Илчо Захариев./Users/kiril/0/RMMC 3D/untitled folder/418 osnovi namestaj.dwg

Новиот Мултимедијален центар ќе биде катче за сите уметници и креативни млади луѓе, не само од Штип туку и од целиот регион. Во него, покрај кино, театар и изложби, ќе има и Кластер за креативна индустрија. Проектот го изработи студиото „Развоен инженеринг“ од Штип, и за првпат во „Порта 3“ може да се види како ќе изгледа овој мултимедијален објект во Штип. /Users/kiril/Documents/usb 19.12 .2013/12 418 rmmmc/12 418 rmmmc

Мора да се признае дека „Развоен инженеринг“ направиле уникатен објект, дизајнот има фина линија на модерен објект кој ќе биде гордост за градот. Објектот одлично се вклопува во амбиентот бидејќи непосредно под него е Економскиот факултет, кој исто така има интересен дизајн, иако е граден пред дваесетина години:

– Објектот според концептот има два ката, а во приземјето ќе има влезен хол, потоа мултимедијална сала за 150-200 посетители која ќе биде опремена со опрема за проекции и презентации, опрема за симултан превод, со кабина за проектор и модерна мултимедијална опрема. Освен ова, содржани се и мултифункционална сала за состаноци, обука, презентации, гардероба и санитарни јазли за инвалидизирани лица. Во сутеренот ќе има мала сала, просторија опремена со ИТ опрема (20 компјутери), просторија за изучување на странски јазици за 15 посетители, магацин, котлара и други помошни простории – вели Кире Гранков од „Развоен инженеринг“.multimedijalen-stip2

Објектот е од армирано-бетонска конструкција со АБ плочи, греди и столбови. Во сутеренот се јавуваат и армирано-бетонски ѕидови малтерисани од внатрешната страна, а со термо и хидроизолација од надворешната страна. Сите земјени работи се изведуваат по веќе утврдените нормативи и проектот. Според техничката документација, кровната конструкција е класична дрвена столица која ќе биде покриена со челичен пластифициран лим. Подовите во зависност од намената на просторијата се од керамички плочки (влезен хол, ходници, скали и санитарии, помошни простории), ламинат во канцелариите и теписон во кино-салата. multimedijalen-stip4

Подовите на терен се со хидро и термо изолација. Прозорците се од пластични петкоморни профили, застаклени со термопан стакло. Фасадата ќе  биде изработена од пластични малтери во боја по избор на проектантот. Кино-салата е обработена со акустични материјали, и тоа ѕидовите  се обликувани со гипскартон, обложен со платно и теписон, подот е од теписон, а плафонот е од специјални акустични гипс-картонски перфорирани плочи на метална обесена конструкција.

– Ние како изведувачи ќе направиме сè што е во наша моќ до ноември овој објект да го добие својот лик. Имаме голема желба да го направиме тоа, бидјеќи станува збор за локација која е близу центарот и која со концептот ќе покаже дека ова ќе биде навистина убаво и гордост за градот – вели Иле Николов од „Актива“.

Со новиот објект, не само што се урбанизира локацијата, туку се разубавува култно место кое повеќе нема да биде познато како наркоманско дувло.

Испрати коментар

Scroll To Top