Насловна / Вести / Штип легализираше половина од дивоградбите

Штип легализираше половина од дивоградбите

stip1

Општина Штип за шест месеци од 2014 година легализираше околу 530 дивоградби, согласно барањето за утврдување на статусот на бесправно изградени објекти.
Тоа значи дека во изминатите две и пол години решени се или легализирани вкупно над 5.100 дивоградби, што е повеќе од половина од регистрирани над 10.000 дивоградби во Штип.
Во досегашната процедура, постапката е прекината за 4.800 предмети, пред се заради недостаток на еден од трите барани документи од кои најчесто е недостаток на геодетски елаборат. Кога сме кај елаборатите, рокот за комплетирање на документацијата е крајот на 2014 година. Во исто време, тече и постапката за легализација на тераси, при што барањата кои се поднесуваат треба да бидат доставени најдоцна до 30 јуни 2015 година.

Испрати коментар

Scroll To Top