Во Штип денес од 9 до 15 часот се оддржува јавното наддавање за продажба на градежно земјиште. Шест од градежните парцели се наменети за индивидуално домување од кои посебно се истакнува добрата местоположба на четири парцели на ул. „Пиринска“. Другите две парцели се во населбите Леваци и Баби.
Една градежна парцела е наменета за изградба објект со намена за лесна и незагадувачка индустрија, а е лоцирана во кругот на „Македонка“. Пет градежни парцели се наменети за деловни објекти од кои две градежни парцели се лоцирани до Новата пошта, две се до „Туртел“ (спроти поранешно Нервно) и една парцела во кругот на „Астибо“. Во населба Баби е предвидена изградба на колективна станбена зграда за што иста така е понудена градежна парцела за отуѓување.
Во Кочани, пак, се продаваат 21 градежна парцела. Станува збор за земјиште кое од неискористено треба да се претвори во место каде ќе се градат куќи и фабрики. Големиот број на понудени парцели, значи и нивна распространетост на голема територија на Општината:
– Опфатени се речиси сите делови од градот Кочани и населбата Оризари – вели Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.
Кочани пред неколку години направи вистински бум со продажбата на градежно земјите, па и овој пат општината се надева на многу потенцијални купувачи. Време да се пријават, заинтересираните имаат до 10 август, по што ќе се знае колку парцели ќе бидат продадени и по која цена.