Штетните емисии од производството на автомобили во Европа се намалиле за 24 отсто за осум години, иако годишно се составуваат пет милиони автомобили повеќе, соопштуваат од трговска асоцијација на компаниите ACEA. Причината за ова е користењето на различни горива и зелена енергија.
Минатата година 17 милиони автомобили биле произведени во Европа, а за нивното склопување било потрошено 31 отсто помалку вода.
Во текот на изминатите десет години, исто така, било забележано и 16 отсто пониска потрошувачка на електрична енергија од страна на производителите на автомобили. Отпадот што останува по склопувањето на секој автомобил е намален за 14 отсто.