За санирање на штетите од поплавата на рударскиот басен „Колубара“, најголемиот јагленокоп во Србија, ќе бидат потребни најмалку 100 милиони евра, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ на седницата на Републичкиот штаб за вонредни ситуации. Тој истакна дека благодарение на досегашните мерки и напори за заштита на термоцентралите „Никола Тесла“ А и Б во Обреновац, избегната е дополнителна штета од 500-600 милиони евра. Инаку, термоцентралите „Никола Тесла“ се од исклучително значење за српскиот електроенергетски систем бидејќи произведуваат над 40% од вкупните потреби за електрична енергија во Србија.