Не само што стариот објект е обновен, но е целосно приспособен на 21-от век со напредни системи за греење и ладење.
Овој рустикален апартман не е обична гостинска куќа! Во прашање е објект стар 200 години кој некогаш се користел за добиток, и се наоѓа на планината Сан Лоренцо на Ибица.
Проектантските бироа Ibiza Interiors и Standard Studio добиле задача да ја обноват оваа штала и да ја претворат во апартман за изнајмување.
Многу делови од оригиналниот објект не успеале да зачуваат, бидејќи долги години оваа штала била целосно запоставена. Сепак, некои карактеристични делови се спасени од заборав и од уништување како што е дрвениот таван. Тој му дава шарм на целиот објект!
Она што не можело да биде реставрирано, било заменето со историски соодветни материјали. Ѕидовите се малтерисани со бела боја, а прозорците се направени од дабово дрво, коешто расте на планината, каде што се наоѓа објектот, пишува Freshome.
На старата штала ѝ е даден нов живот и во поглед на технологијата, која, се разбира, не е ставена во прв план. Заменети се водоводните и канализационите цевки, електричните водови, а инсталирани се соларни панели кои во текот на летото ги задоволуваат потребите на потрошувачката на енергија. Исто така, вградено е подно греење за да се зголеми удобноста за време на зимските месеци.
Базен? Се разбира, како може Ибица да помине без базен…