Континуитетот на успешната соработка на Биропроект со Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со нов проект за функционална адаптација и ентериер на експозитурата во населба Драчево. Покрај големиот број експозитури дизајнирани од наша страна, а почитувајќи го концептот за осовременување на визуелниот идентитет на банката, користеќи и применуваќи ги најдобрите локални и групациски пракси, ја издвојуваме оваа во населба Драчево која плени со топол, хуман, непосреден и пријатен простор за клиентите и за вработените.
Експозитурата која е лоцирана во централниот дел на населбата, непосредно до пазарот, во нов современо дизајниран објект, е со површина од 137 квадратни метри.
Истиот е уреден по највисоки стандарди за внатрешен ентериер, изработен од еколошко одржливи материјали, обезбедувајќи отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Со адаптацијата и креирањето на ентериерот од фаза карабина до реализација на експозитурата е дијзаниран функционален простор за прием на клиентите со неколку функционални целини.
Влезната партија заедно со дигиталниот дел ја креира впечатливиот дизајн на инфо пултот формиран од кружни исечоци. Зоната е оформена со цел клиентот да добие прием, услуга или да биде насочен кон останатите функционални целини (АТМ-зона, шалтерски дел, сепарирана зона за прием на клиенти, приватна зона и дел на „lounge area“) во зависност од потребата која ја има.
Сепарираната зона за прием е иновативен концепт креиран во согласност со групациските трендови каде ќе може да се обезбеди минимална приватност за потребните средби. Впечатливи се двете кружни сепарирани форми, како и „ lounge area“ која му дава дополнителна димензија на просторот кој е изработен и опремен од најсовремени материјали во корелација со спуштениот плафон од гипскартонски сегменти и акустични панели.
Комплетниот ентериер е заокружен преку соодветен и добро комбиниран избор на современи материјали, секогаш мислеќи на одржливоста, прикажан преку ѕидните облоги во дизајн на дрво на кој се презентирани корпоративните слогани, надополнети со подни облоги како избор во насока на заштита на животната средина комбинирано со стаклени прегради во корпоративен дизајн и висечки светлечки тела кои со својата кружна форма и светлината која ја даваат го збогатуваат амбиентот на просторот.
Испреплетувањето на топлиот, хуман и непосреден деловен амбиент од прави и кружни линии го креира овој возбудлив деловен простор комплетно во согласност со корпоративните вредности кои ги негува клиентот, а и ние со него: „ИЗВОНРЕДНОСТ, СТРАСТ, ПАРТНЕРСТВО, ДОВЕРБА, АГИЛНОСТ“.
Експозитура Драчево е вешто диригиран концепт од нашиот тим и од тимот на нашиот клиент. Веруваме дека во иднина ќе креираме уште повеќе концепти кои ќе продуцираат возбудливи деловни простори.
Автор: БИРОПРОЕКТ