Насловна / Архитектура / Шпанските скали на плоштадот во Скопје нема да се градат

Шпанските скали на плоштадот во Скопје нема да се градат

Општина Центар ја информирам јавноста дека е активирана банкарската гаранција за т.н. Шпански скали.

Поради непочитување на склучениот Договор за изградба склучен помеѓу Министерството за транспорт и врски и компанијата Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје и пробивање на сите рокови за изградба, Шпански скали во Општина Центар нема да се градат.

Со поддршка на тимот на правници на Општина Центар, општината во буџетот врати 6.169.500 денари (околу 100.000 евра), средства кои ќе бидат наменети за реалните потреби на жителите на општината.

span

Во февруари во 2018 година, од општина Центар градоначалникот Саша Богдановиќ го поништи решението за изградба на „Шпанските скали“ на плоштадот „Македонија“.

Надлежните во општината констатирале, дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за градење, не започнал со изградба на објектот, повикувајќи се на членот 66 став 1 од Законот.

Дозволата за изградба на овој објект Општина Центар ја издаде во 2015 година, а советниците на Град Скопје, дадоа зелено светло за Шпанските скали, бидејќи површината на која тие требаше да се градат е под надлежност на Градот. Според идејното решение, кое го обезбеди тогашниот министер за транспорт и врски, без да го објави авторот, зградата, во чиј склоп ќе бидат и скалите требаше да биде висока 16 метри, односно приземје плус три ката.

Во меѓувреме Јавното обвинителство поднесе обвинение против 11 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, предмет познат како „Шпански скали“.

Тие се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба, а едно лице е обвинето за несовесно работење во службата, односно за незаконитости во продажбата на четири атрактивни локации во центарот на Скопје, покрај Вардар.

На електронската аукција фирмата понуди 93.100 денари за метар квадратен или вкупно 1.580.000 евра за парцелата од 1046 квадрати за објект за комерцијални и деловни намени во „барок.“

За изградба на барокната зграда инвеститорот беше ослободен од комуналии од тогашното мнозинство во Советот на Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top