Насловна / Архитектура / Шпанскиот павилјон на Експо Дубаи 2020 не сака да биде трговски или деловен центар

Шпанскиот павилјон на Експо Дубаи 2020 не сака да биде трговски или деловен центар

Архитектонското биро со седиште во Мадрид, Amann-Cánovas-Maruri, создаде шарени конусни кровови на Шпанскиот павилјон на Експо Дубаи 2020.

6_resize

8_resize

Павилјонот би требало да биде виден како иконична архитектура која е прилагодена на високите температури во Дубаи и ја нагласува поврзаноста на Шпанија со арапскиот свет.

Повикувајќи се на главната тема на Експо „Поврзувајќи ги умовите, создаваме иднината“ павилјонот на Шпанија има за цел да стане пример за интелигентна креативност, способен да ги обедини луѓето околу одржливи проекти во областа на науката, технологијата, производството, образованието и уметноста. Павилјонот го привлекува вниманието на посетителите со своите шарени конусни кровови изработени од шпанско платно. Покрај естетскиот и колоритниот изглед на павилјонот, бирото го проектирало осврнувајќи се на „биоклиматска архитектура“ прилагодена на жешката пустина во Дубаи.

2_resize

3_resize

Павилјонот овозможува одржување на пријатна температура во внатрешноста благодарение на конусите кои ја олеснуваат циркулацијата на воздухот. Ова овозможува намалена потрошувачка на енергија.

„Лесно е да се проектира изложбен павилјон и тој да се претвори во трговски центар на периферијата на голем град. Со други зборови, проект без карактер и подложен на интересите на чистата трговија“, велат од Amann-Cánovas-Maruri.

9_resize

„Од оваа гледна точка, тешкотијата на еден ваков проект се состои во тоа да не се изгуби фокусот, дека наместо чиста репрезентација и неизбежен спектакл, на посетителите може да им се понуди пријателско и интелигентно место во кое достоинствено ќе се засолнат.“

5_resize

„Со оглед на огромната брзина што ја носи современото општество, збир на простори кои нудат место за бавност не се занемарливи, а наместо брзање да асимилираме сè што ќе најдеме, добро е што Шпанскиот павилјон нуди мир, бидејќи ова е еден од предизвиците“, додадваат архитектите.

Просторната организација на павилјонот поделена е на три простори: Плоштад, Атриум и Театарско – изложбена галерија. Плоштадот е централен дел кој нуди неколку поврзани простори, покриени со конуси.

4_resize

„Придонесот на Шпанија за глобалната култура и нашите врски со арапскиот свет се протагонисти на овој прв дел од изложбената турнеја“, продолжи бирото.

Вториот дел е Атриумот кој го поврзува плоштадот со подземното ниво. Тоа е зона со контролиран пристап и е еден од најспектакуларните простори во кој се наоѓа уметничка инсталација која го синтетизира мотото „Интелигенција за живот“.

13_resize

Третиот дел е Театарско – изложбена галерија сместена во подземното ниво. Тука се театарот и изложбената галерија, со изложбена рута која е заеднички развиена од студиата Onionlab и External Reference.

Театарот нуди изненадувачка и незаборавна филмска претстава, создадена од режисерот Nacho Vigalondo, како начин да се претстави Шпанија пред посетителите на Експо Дубаи.

14_resize

Изложбената галерија исто така содржи и Bosque de la Inteligencia: оригинално сценографско опкружување, кое изложува избор на иновативни шпански проекти за одржливост и одржливиот развој.

Како што нагласува архитектонското биро, павилјонот е составен од низа испреплетени квадрати, „спој на меѓупростори, места кои произведуваат различни искуства во кои се чини дека времето се опоравува“.

15_resize

„По многу пешачење, убаво е да се помисли дека Шпанскиот павилјон обезбедува седење и сенка. Оваа понуда е чин на добредојде и пријателство“, додаваат од бирото.

„Објектот, според тоа, е простор кој сака да биде опиплив и пријателски, изграден со евокативни материјали што обезбедуваат домашна атмосфера и не сака да биде трговски центар или деловен центар“.

12_resize

Архитектите го замислиле Шпанскиот павилјон како отворен простор, разладен со пасивни системи; место на места кои можат повторно да се користат на други локации кога изложбата ќе заврши, со материјали што лесно може да се користат или рециклираат.

7_resize

11_resize

Тимот додавадека „зградата е наменета како отворена територија која нуди топло добредојде за сите. Ако некој праша каде се наоѓаат вратите на овој павилјон, одговорот е едноставен: каде што започнува сенката“.

1_resize

16_resize

Испрати коментар

Scroll To Top