Насловна / Вести / Шпански археолози снимија мистериозна гробница неотворена повеќе од 4000 години

Шпански археолози снимија мистериозна гробница неотворена повеќе од 4000 години

Шпански археолози минатата недела снимија големо откритие – отворање на гробница која била недопрена повеќе од 4000 години во Асуан. Наводно, гробницата му припаѓа на Саренпут Втори, братот на еден од најважните владетели на 12. египетска династија.

Експертите од унизерзитетот Јаен го снимија отворањето на гробницата и откривањето на нејзините тајни, а повеќето од закопаните предмети се во добро сочувана состојба.Tomb-1

Египетските церемонии при погребувањето подразбирале комплицирани ритуали, големи подготовки и многу разновидни предмети. Старите Египјани верувале дека задгробниот живот е огледален приказ на животот на Земјата и дека сè што лицето користело во текот на животот, ќе му биде потребно на патот кон нивната верзија на рајот.гроб2

Во гробницата се пронајдени садови, дрвени ковчези, дрвени чамци и многу други работи, јавија светските медиуми.

Се работи за важно откритие и голем поттик за египетската археологија, бидејќи дава надеж дека на тоа подрачје сè уште постојат објекти вредни за истражување.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top