Шпанската влада ги најави своите планови за високи даноци на недвижностите кои ги купуваат граѓани од земји кои не се членки на ЕУ. Оваа мерка е една од десетината кои се претставени од страна на премиерот Санчез, додека владата се обидува да ги смири тензиите поради растечките трошоци за домување во земјата.
Предложените мерки вклучуваат ширење на социјалното домување, субвенции за оние кои реновираат и изнајмуваат празни недвижности по пристапни цени и намалување на бројот на туристички апартмани. Во Шпанија само 2,5% од станбениот простор се издвојува за социјално домување, што е бројка која драстично заостанува зад земјите како Франција и Холандија. Граѓаните од САД, Велика Британија и Мароко веќе подолг период масовно купуваат недвижности во Шпанија, особено ан места како Ибица, Марбеља и Барселона.
„Само во 2023 година, граѓани од земји вон ЕУ, купиле околу 27.000 куќи или станови во Шпанија. И тоа не го сториле за да живеат во нив, туку за да заработат на тоа“, рекол премиерот Санчес објаснувајќи ги мерките. Тој не изнел поединости во врска со функционирањето на планот, ниту кога овој предлог ќе биде доставен до парламентот.