Во понеделникот, на 31.12.2018 година, престанаа сите процеси на експлоатација на јаглен во Шпанија, како дел од планот на ЕУ за заштита на животната средина. Во спротивно, државата имаше обврска да врати околу 572 милиони УСД согласно спогодбата со Европската Комисија. Во Шпанија во ноември 2018 биле регистрирани 2.046 рудари, што е голем пад во однос на регистрираните 51.420 рудари во 1985 година. Дополнително, речиси 90% од јагленот кој изминатав година се користел за производство на електрична енергија во земјата, потекнувал од Колумбија или Русија. Треба да се спомене и шемата за тргување со емисии во ЕУ, според која шпанските компании треба да плаќаат по 22,90 УСД/t CO2 испуштен во околината. Од 15-те термоцентрали на јаглен кои произведуваат 14% од вкупното производство на електрична енергија во земјата, девет ќе се затворат во рок од година и пол, според плановите кои споствениците на електраните претходно ги имаат доставено до Владата.
Индустријата за јаглен во Шпанија, Германија, и Романија во 2010 година прифати финансиска помош од ЕУ, но под услов сите активности во оваа индустрија да завршат со крајот на 2018. Така во Германија, на 21.12.2018 беше затворен рудникот Prosper-Haniel после 155 години работа. Во Романија, на почетокот на оваа година се затвораат два важни рудници, кои се неконкурентни.