Шпанската влада ги претстави новите енергетски политики, потврдувајќи дека планира да ги затврои своите нуклеарни електрани до 2035 година. Гаснењето на нуклеарките ќе започне од 2027 година, а згрижувањето на радиоактивниот потпад и демонтажата ќе чинат околу 20.2 милијарди евра.
Нуклеарните електрани обезбедуваат околу 20% од вкупната потрошувачка на електрична енергија на земјата, а нивното гасење беше жешка тема на неодамнешните избори. Владејачките социјалисти се одлучија за нивно затворање, додека опозицоните конзервативци планираа да ја поништат таа нивна одлука. Меѓу другите одлуки на владата претставени се и нови мерки за измена и дополнување на прописите со кои се уредува развојот на нови проекти за зелена енергија и аукции во областа на обновливите извори на енергија.