Шпанската влада ќе ја затвори најстарата нуклеарна централа во земјата Santa Maria de Garona, откако властите не успеале да добијат поддршка од политичките партии и бизнис секторот за продолжување на нејзината работа. Поради тоа, владата донела одлука да не ја обнови лиценцата за работа на нуклеарката која е изградена пред 46 години.
Дополнително, и притисокот од јавноста особено од еколошките здруженија во последните години, придонесоа за ваквата одлука. Централата престанала со работа во 2012 година поради проблеми со даночните обврски.