Насловна / Вести / Шпанија ги оданочува ветерните паркови за да ги субвенционира граѓаните

Шпанија ги оданочува ветерните паркови за да ги субвенционира граѓаните

Во последните месеци цените на електрична енергија на берзите во Европа бележат рекорди, кои полека се прелеваат и на крајните потрошувачи, па секоја држава се обидува да ја менаџира новонастанатата ситуација на свој начин. Иста е ситуацијата и со природниот гас. Шпанија воведе данок на производството на електраните од обновливи извори, со цел да собере средства за ублажување на ценовниот шок кај крајните потрошувачи. Во тек е процедура за усвојување на сличен данок за хидроелектраните и нуклеарките. Сите овие електрани не плаќаат такси за CO2, а имаат корист од високите цени на електричната енергија, стои во образложението на шпанската влада. Оваа нова давачка се применува кај ветерните електрани со моќност поголема од 10 MW, и оние кои не добиваат субвенции. Данокот ќе се наплатува доколку цената на гасот е поголема од 20 евра по MWh. Во моментот цената е 60 евра по MWh. Новите даноци, веќе до крајот на март ќе донесат околу 2,6 милијарди евра, кои ќе бидат искористени за помош на крајните потрошувачи. Владата го намалила и данокот на сметките за електрична енергија од 5,1% на 0,5%, како и данокот на додадена вредност од 21% на 10%.

renewablesspain1

renewablesspain2

Испрати коментар

Scroll To Top